Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ победи во денешниот меч од 3.коло од А групата против Томаш Бердих и со тоа го потврди првото место на АТП листата и за 2014 година.
Покрај првото место за годината Ѓоковиќ (како првопласиран) обезбеди и пласман во полуфиналето на Мастерс купот што се игра во Лондон.
Ѓоковиќ го совлада Бердих со 6:2 и 6:2 во двата сета и во првото полуфинале утре ќе игра против Јапонецот Кеи Нишикори.
Во вториот меч од А групата вечерва ќе играат Стан Вавринка и Марин Чилиќ. На Вавринка доволно му е да освои еден сет и да обезбеди пласман во полуфиналето каде ќе игра против Рожер Федерер.
Ѓоковиќ по третпат годината ќе ја заврши како број 1 откако претходно тоа му успеа и во 2011 и 2012 година.