Реакција на општина Охрид на соопштение од СДСМ

Од:

Општина Охрид изразува огромно жалење за лицемерниот однос на СДСМ кон проблемите кои таа ги направи во сите образовни институции во градов.

Премногу иронично е што виновниците кои го направија хаосот во воспитно -образовните институции, вината за истиот ја бараат во оние кои буквално им го “обелуваат образот“ за штетата што ја оставија зад себе.

Почитувани од СДСМ, денеска на прес конференција градоначалникот Никола Бакрачески ,со факти јавно обелодени за некоректниот однос на минатата локална гарнитура кон лицата кои работно ги ангажирала во училиштата и градинките а притоа не им ги исплатила договорените парични средства.

За разлика од минатата, сегашната локална власт како одговорна не бега од проблемите туку со истите се соочува и тогаш кога тие се наследени како што е случајот со вработените со договор на дело во училиштата и градинките.

Со започнатиот процес за склучување спогодби со лицата кои минатата локална власт ги ангажирала во воспитно образовните институции, општината покажува дека им подава рака и сочуствува со охриѓани кои ги изманипулирала минатата локална власт злоупотребувајќи ги за партиски цели.

Општина Охрид, изразува жалење што со соопштенија од ваков тип СДСМ јавно им се исмејува на маките на охриѓани кои таа им ги создала. Изразуваме жалење што СДСМ денес јавно ги погледна со презир лицата кои работно ги ангажирала во образовните институции и притоа не само што не им плаќала социјално и здравствено осигурување туку ги оставила и без договорените пари кои чесно си ги заработиле.
СДСМ денес по којзнае кој пат си поигра со интелигенцијата на охриѓани. Свежи се сеќавањата на граѓаните за злоделата што оваа партија ги направи во Охрид и токму затоа тие ќе ги казнат и на наредните избори, велат од Општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум