Путин го очекува студено добредојде во Австралија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се соочи со студено добредојде на Самитот на Г-20 во Австралија, откако британскиот премиер Дејвид Камерон му порача да престане да биде „силеџија“ кон помалите држави, а домаќинот Тони Абот го обвини дека сака да ја „оживее изгубената слава на империјата“.

Владимир Путин треба да допатува во Бризбејн денеска попладне, во време на зголемени тензии со Австралија, која испрати три воени бродови на својот северен брег, откако таму се регистрирани руски бродови.

Премиерот Абот изјави дека појавувањето на четирите руски воени бродови е дел од растечката воена закана од страна на Русија.

Русија во петокот ја предупреди Франција на сериозни последици, ако Париз оваа недела не го испорача носачот на хеликоптери, поради што се очекуваат и конфронтации со францускиот претседател Франсоа Оланд на Самитот на Г-20.

Британскиот премиер во своето обраќање пред австралискиот Парламент ја предупреди Русија дека ќе се соочи со дополнителни санкции ако не се посвети на решавање на украинската криза, оценувајќи ги акциите на Москва како неприфатливи.

– Една голема држава врши насилство над мала држава во Европа. Ги имаме видено последиците од тоа во минатото и треба да ги научиме историските лекции, такво нешто да не се повтори, порача Камерон.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај