По повод Светскиот ден на борба против пушењето, Дубаи ја забрание продажбата на цигари 24 часа во речиси 300 продажни места низ градот, вклучувајќи ги и бензиските пумпи и супермаркетите.
„Овој чекор има за цел зголемување на свеста за опасностите од пушењето, да се размисли за тоа дека тутунот убива милиони луѓе и го загрозува јавното здравје“, соопшти директорот за јавно здравје и безбедност на Дубаи“, Реда Саламан.
Еден од четирите смртни случаи во Обединетите Арапски Емирати е поврзан со пушењето.
Според законот во Дубаи е забрането продажба на цигари на лица под 20 години, пушењето на јавни места, хотели, ресторани, кафулиња и канцеларии.