Во организација на Младинскиот совет на Амбасадата на САД во Македонија денеска во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски” во Скопје ќе се одржи „Кариерен Експо 2014”, на кој триесет македонски компании на младите ќе им понудат отворени работни места.
Во рамки на настанот ќе се одржат и девет работилници во насока на зајакнување на вештините и знаења за младите да можат полесно да дојдат до кариерата која ја посакуваат.
Покрај тоа, сите учесници на овој настан ќе имаат можност да разговараат со претставниците на компаниите да прашаат каков профил на вработен бараат, да имаат пробни интервјуа и со помош на членовите на Младинскои совет, да изработат професионална кратка биографија.