Во Косово постигнат договор Иса Мустафа да биде кандидат за премиер

Од:

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово (АИК) Рамуш Харадинај прифати позицијата кандидат за косовски премиер да ја препушти на лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) Иса Мустафа, пренесува приштинската телевизија „Кохавижн“.

Според телевизијата, лидерите на коалицијата ВЛАН денеска ќе одржат состанок на кој ќе биде објавен нов политички договор на коалицискиот блок, во кој освен АИК и ДСК, дел се и Иницијативата за Косово и движењето „Самоопределување“, пренесува Танјуг.

Високиот претставник на „Самоопределување“ Висар Имери во емисијата „Интерактив“ на телевизијата „Кохавижн“ изјави дека не е запознаен дали е постигнат договор Мустафа да биде кандидат на коалицијата ВЛАН за премиер.

Според него, сепак ниту една партија од коалицијата нема да разговара со Демократската партија на Косово (ДПК) на премиерот во заминување Хашим Тачи, за нејзино вклучување во идната влада на Косово.

Изборите на Косово се одржаа на 8 јуни. Партијата на Тачи ДПК освои најмногу гласови и 37 пратенички места во Собранието на Косово, но недоволно за формирање на влада. Блокадата на косовските институции веќе трае шест месеци.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица