Лидерите на сунитските џихадистички групи, Ислсмска држава и Фронтот Ал Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда, минатата недела одржале средба во северна Сирија на која се договориле да ги запрат меѓусебните борби и да преземаат заеднички акции против противниците, соопшти претставник на сириската опозиција.
ИД и Ал Нусра повеќе од една година водеа жестоки борби за контрола над териториите во Сирија и за изборување доминантна позиција во бунтот против сирискиот претседател Башар ал Асад.
Според сирискиот опозициски претставник, средбата меѓу лидерите на двете групации се одржала на 2. ноември во селото Атареб западно од Алепо.
Експерти проценуваат дека евентуалното здружување на ИД и Ал Нусра ќе ги засили позицитте на џихадиситте во Сирија.