Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори го победи Давид Ферер (Шпанија) со 2:1, по сетови 4:6, 6:4 и 6:1, во првиот денешен меч од 3. коло на Мастерс купот во Лондон.
Ферер во овој меч го замени повредениот Милош Раониќ (Канада), кој се откажа од понатамошното учество на овој завршен АТП турнир.
Сепак, победата на Нишикори не значи негово сигурно учество во полуфиналето. Дали ќе влезе меѓу четирите најдобри ќе знае по вечерашниот дуел меѓу Рожер Федерер (Швајцарија) и Енди Мареј (В.Британија). На Јапонецот му одговара било каков резултат освен победа на Мареј со 2:0 во сетови.