Како што се развиваше трендот на спасување стари индустриски објекти и нивно претворање во современ простор, многу популарен стана индустрискиот стил, чија популарност расте од ден на ден.
Одговорот е едноставен: функционалноста и квалитетот на изработката што го какрактеризираат индустрискиот стил од една страа и скромните материјали на необработените површини од друга страна, го прават овој тренд достапен за сите и за широка намена. Индустрискиот стил во ентериерот го карактеризира интеракција помеѓу формата и функцијата, а со сето тоа се става акцент на удобноста.
Доколку ви се допаѓа нееднаквоста и сировиот изглед на голите површини на ѕидовите од разни материјали, а сакате многу детали и посебни елементи на мебелот со специфични форми и бои – вашата нова адреса за купување на мебел и уредување на ентериерот ќе бидат специјализирани салони, уличната распроджба, разните работилници, стовариштата и материјалите.