Европскиот парламент денеска го ратификуваше политичкиот и трговски договор меѓу Молдавија и Европската унија, пренесува „Мета“.
За Спогодбата за асоцијација, која Молдавија ја потпиша во јуни гласаа 535 пратеници, а 94 беа против.
Пред да стапи на сила, спогодбата за асоцијација треба да биде ратификувана од страна на парламентите на сите 28 членки на ЕУ.
Русија е против ваквите договори помеѓу ЕУ и поранешните советски републики, но ЕУ и молдавските власти велат дека на нивното партнерство не треба да се гледа како на провокација за Русија.
Претседателот на молдавскиот Парламент, Игор Корман, рекол дека овој договор не е против никого, туку договор во корист на граѓаните на Молдавија.