ВИДЕО: Полицијата се обиде да ги истурка активистите од протестот пред Обвинителство

Од:

И денеска на вториот протест пред Јавното обвинителство, активистите беа грубо туркани, а полицијата се обиде да го спречи мирниот протест пред влезот на Обвинителство, кога група граѓани мирно стоеја пред влезот на оваа институција. Тие со транспаренти бараа обвинителството да ги открие насилниците кои го нападнаа ЛГБТИ центарот во кафулето „Дамар“ во Стара скопска чаршија на 23 октомври.

Протестот пред влезот на Јавното обвинителство не предизвика реакции кај вработените, кои кога слушнаа дека блокадата ќе трае кратко, беа трпеливи и чекаа протестот да заврши, но затоа ги изнервираа двајца од кордонот полиција, кои беа во цивилна облека и тие почнаа грубо да ги туркаат активистите.

Откако непознато лице почна турканицата, неколкумина полицајци се обидоа да ги растераат демонстратите од пред влезот на Обвинителство, а нив им се приклучија и непознати лица кои се обидуваа со сила да влезат во зградата. Демонстрантите не дозволија да се случи поголем инцидент и по половина час, мирно се разотидоа.

– Јас сум запрепастена што полициски службеници кои што денеска, на некој начин не попречија да го оствариме своето уставно право на протест, не ги знаат одредбите од Уставот. Исто таак, сум вџашена од вработени во ова Обвинителство, кои што исто така сакаа да испровоцираат да дојде до некоја пресметка помеѓу нас и на сала сакаа да поминат преку групата која стои пред влезот на Обвинителството. Имаме право да го одржуваме овој протест, кажавме дека ќе трае 30 минути и повторно од страна на полициските службеници и некои непознати, неуниформирани лица бевме попречувани да го направиме тоа, рече Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншки комитет.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on