Писториус ќе мора да остане пет години во затвор?

Од:

Британски „Дејли меил“, повикувајќи се на јужноафрикански извори објави дека најверојатно најпознатиот светски параолимпиец Оскар Писториус ќе биде принуден да остане пет години во затворска келија. Тоа најверојатно ќе се случи затоа што на неговите протетички нозе, не може да се постави електронска нараквица, која ја носат оние кои што се осудени на домашен притвор.

Минатиот месец тој беше осуден на петгодишна затворска казна поради убиство на својата девојка Рева Стенкамп, по што веднаш беше префрлен на отслужување на казната во злогласниот затвор Кгоси Мампуру II во Преториј.

Јужноафриканските експерти по право предвидуваа дека параолимпиецот ќе остане во затвор од десет месеци до две години, а остатокот од казната ќе го помине во домашен притвор. Но сега се открива дека престојот во домашен притвор во неговиот случај е тешко изводлив, бидејќи нема зглобови на нозете, за кои може да се прицврсти електронската нараквица.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Писториус префрлен во друг затвор

Ана Ололовска

Можно условно ослободување за Оскар Писториус

Ана Ололовска

Писториус повреден во затворска тепачка

Ана Ололовска

За повеќе од двојно зголемена затворската казна за Писториус

Наум Локоски

Оскар Писториус се повредил во затворскаата ќелија

Емир Латифовиќ