Претседателот на Српската радикална партија (СРС) Воислав Шешељ изјави дека во наредниот период приоритет ќе му биде обнова на СРС и порача дека наскоро таа ќе биде една од најсилните партии во Србија.
Тој во интервју за радио-телевизија Република Српска рече дека им докажал на сите во светот дека Хашкиот трибунал е нелегален и антисрпски суд.
-На крај ме исфрлија од затворот. Јас ниту барав, ниту потпишав нешто, само ми рекоа си одиш и ме исфрлија- вели Шешељ.
На прашањето дали во Хаг се дружел со обвинетите од Република Српска тој одговори дека се сретнувале, но дека биле сместени на различни катови.
-Кога пристигна Ратко Малдиќ, беше на истиот кат со мене, но некој од Белград им јавил дека тој е под мое влијание и го префрлија на друг кат – рече тој.
Е. Г.