Во едно мало место близу Мелбурн во Австралија, дизајнерита на „Инглис Архитектс“ смислиле паметен модерен дизајн на куќа за проектот„Ферберн Роад Ресиденс“.
Дрвото и каменот се едни од главните материјали користени за фасадата, заедно со шупливите тули, челичните конзоли или дрвените плочки.
Со слоевитоста на предната страна која се издига кон улицата, се создава длабочина со која куќата се разликува од останатите околу неа.
За да создадат визуелно чувство на пространост, архитектите ја самалиле функционалноста на првото ниво, кое воглавно се користи како дневна соба. Спалните соби се наоѓаат на првиот кат, со цел да обебзедат голем степен на приватност.
Куќата е освежувачка и зрачи со гостопримливост, поради мекиот и топол ентериер. Летвите и каменот, светлата арматура и мебелот се намерно направени едноставни и за да му дозволат на ентериерот да „дише“. Чувството што се нуди е преубаво, а елеганцијата се постигнува преку составот, текстурата и јачината на светлината.