ДИНКИЌ: Буџетот за аграрот ќе се зголемува

Од:

Министерот за финасии и економија Млаѓан Динкиќ истакна дека буџетот за аграрот и понатаму ќе се зголемува.
„Со ребалансот на буџетот за 60% е зголемен аграрниот буџет но и понатаму ќе го зголемуваме бидејќи Србија мора да го искористи повеќе потенцијалот на производството на храна и на преработувачката индустрија“, изјави Динкиќ.

Тој истакна дека освен директните субвенции во буџетот на аграрот ќе се вклучат и средства за капитални инвестиции. За сите земјоделци или земјоделски здруженија кои планираат да инвестираат во ладилници, сушари или други објекти за складирање владата ќе им помогне со неповратни финансиски средства во висина од 40% од вкупната инвестиција.

„Ако сакаме да го подигнеме производството и конкурентноста на земјоделските производи мора да инвестираме и во системи за наводнување и одводнување имајќи ги предвид климатските промени и сушата која се повеќе негативно влијае врз производството“изјави Динкиќ

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија