Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром очекувано славеа победа во дуелот со Гоце Делчев.
На средбата одиграна попладнево во СЦ „Јане Сандански„ во Скопје, а во рамките од 5.коло, актуелниот шампион МЗТ Скопје убедливо со 86:49 го победи дебитантот во Првата лига штипски Гоце Делчев.
Четворица кошаркари кај МЗТ Скопје средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу имаше Иван Маринковиќ 16.
На веќе одиграните натпревари од ова коло победи забележаа домашните екипи и тоа, Куманово го совлада Фени Индустри со 97-90, додека гевгелиски Кожув беше убедлив против Водњански лисици со 93-74.
Средбата, Струмица – Работнички е одложена поради дисциплинската постапка поведена против Работнички.
Слободен во ова коло е составот на Карпош Соколи
Табела: Куманово 4-1(победи-порази), Фени Индустри 3-2, Карпош Соколи 3-1, Кожув 2-2, Гоце Делчев 1-4, МЗТ Скопје Аеродром 2-1, Водњански лисици 0-5, Работнички 2-0 и Струмица 1-2.