Најмалку десет студенти загинаа во денешниот напад врз педагошкиот колеџ во градот Кантагора, северна Нигерија.
Нападот беше извршен од жена-самоубиец. Бомбата експлодирала кога таа се обидувала да влезе во библиотеката на колеџот. Според нигериската полиција, жената го активирала експлозивот пред да стигне на целта.
Во понеделникот во бомбашки напад врз училиште во градот Потискум загинаа речиси 50 ученици. Се претпоставува дека двата напади се дело на екстремистичката група Боко Харам.