За Рама со посетата на Србија скршен повеќе деценискиот мраз

Од:

Посетата на Србија е историска. Со неа го скршимве повеќе деценискиот мраз, но за вистинско пријателство потребно е подолго време.

Ова е оценката на албанскиот премиер Еди Рама изнесена на попладневната средба со новинарите во Тирана, посветена на посетата на Србија, која како што нагласи, ги остварила своите цели.

– Ние отидовме во Белград со подадена рака за пријателство и денес сме многу поблиски. Сепак потребно ни е подолго време за сериозно партнерство и соработка. Оваа нова клима е во интерес на новите генерации да живеат во мир и никогаш да не ги преживуваат траумите од периодот на војни и конфилкти меѓу Албанците и Србите на Балканот, рече Рама

На новинарско прашање дали му дал збор на српскиот премиер Александар Вучиќ да не зборува за Косово и не го одржал, Рама во неговиот препознатлив стил „не му дадов збор, бидејќи зборот – беса во Србија не е позната концепција“. Според Рама, во врска со Косово, во Белград ја кажал само вистината.

Тој рече дека се чувствува многу горд што бил и меѓу Албанците во Прешево, каде ветил дека Тирана ќе продолжи и понатаму да ги подржува Албанците, каде и да живеат и ќе бара тие да ги имаат сите права кои им припаѓаат, а пак при престојот во Косово каде на минување за Албанија ручаше со владини претставници предводени од шефот на дипломатијата, Енвер Хоџај, како што опиша, од радост и задоволство, „срцето му се претворило во планина“.

Премиерот Рама соопшти дека го поканил спрскиот холега Вучиќ да дојде во посета на Албанија, а потврдил дека „нема никаква пречка“ да не учествува на самиот на премиери кој набрзо ќе се одржи во Белград.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја