Прва победа на Бердих на Мастерсот во Лондон

Од:

Чехот Томаш Бердих ја забележа првата победа на завршниот АТП Мастерс турнир што се одржува во Лондон.

Бердих во првиот денешен меч од 2.коло на А групата, во два сета беше подобар од Хрватот Марин Чилиќ.

Откако во првиот сет Бердих на противникот му препушти три гема и истиот го доби со 6:3.

Во вториот сет, Чешкиот тенисер беше уште поубедлив дозволувајќи му на противникот да освои само 1 гем, односно да го добие сетот со 6:1.

Во вториот меч од оваа група, вечерва од 21 часот ќе играат Србинот Новак Ѓоковиќ и Станислас Вавринка од Швајцарија. Инаку, двајцата тенисери во првото коло славеа победи.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров