Калориска бомба: Овој хамбургер е срцев удар во чинија

Од:

Со речиси две илјади калории, преполн со масти, шеќер и сол, овој хамбурегер е вистински „срцев удар во чинија“.

Хамбургерот во крофни може да се најде во продавниците на синџирот за брза храна „Hangri hors“ и се состои од две говедски плескавици, топено сирење, четири парчиња сланина, сос за скара и две крофни со глазура. Ова е дефинитивно еден од најнездравите оброци кога и да е сервиран.

Количината од 1996 калории е 98 проценти препорачана дневна доза калории за жени. Во овој хамбургер исто така се наоѓаат 53 грама заситени масти, што е повеќе од 20 грама за жени и 30 за мажи колку што е дозволено да се внесе во текот на денот. Освен тоа, хамбургерот содржи и 8.2 грама сол, додека на возрасните им е дозволено да внесат до шест грама. За согорување на еден хамбурегер, потребно е да се трча три часа без прекин.

Ако купувачот бара освен тоа да јаде и помфрит или торта од сирење за десерт, тој внесува неверојатни 3287 калории. Нутриционистите остро ја критикуваат одлуката на овој синџир за брза храна да нуди нешто толку нездраво, особено сега кога во Амрика овие ресторани се обидуваат на направат свои  поздрави производи, затоа што бројот на  дебели луѓе достигна застрашувачка бројка.

Нутриционистите предупредуваат дека не би требало да се дава на деца да јадат вакви работи, затоа што ќе придонесе за ширење на „епидемијата“ на дебелината. Ваквата исхрана кај децата доведува до зголемување на крвниот притисок, зголемена можност за добивање срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава