ЕСА: Во тек историско слетување на вселенска сонда на комета

Од:

Историски обид за слетување на вселенска сонда на површината на една комета започна денеска, соопшти Европската вселенска агенција (ЕСА).

Слетувањето на истражувачката сонда претставува врв на десетгодишната мисија за проучување на четири километри долгата комета 67Р/Чурјумов-Герасименко, а потврда за нејзиното слетување на Земјата треба да стигне околу 17 часот по средно европско време.

Доколку се биде по планот, сондата „Фајл“, со големина на машина за перење алишта, ќе се одвои од својот носач сателитот „Розета“ и ќе се упати кон површината на кометата.

Планот е „Розета“ и „Фајл“ да ја следат кометата на нејзиниот пат до Сонцето.

Сондата со помош на 21 различен инстурмент ќе собира повеќе разни информации за материјалот и историјата на кометата.

Според ЕСА доколку слетувањето не биде успешно, мисијата вредна 1,3 милијарди евра започната во 2004 година, нема да биде неуспех бидејќи „Розета“ самостојно ќе може да спроведе околу 80 отсто од мисијата.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ