По целосното реновирање, малото поткровје во Шпанија стана топол простор. Тајната е во декорот и мебелот.
Во дневната соба елементите од орев се мешаат со мебел од бамбус, додека дрвените ролетни на прозорците обезбедуваат приватност. Во дневната соба има и сив лежај кој служи и за спиење.
Кујната е целосно интегрирана. Таа визуелно комуницира со дневната соба, но се разликуваат две опкружувања кои се создадени со ниските ѕидови и различните подови. Горните кујнски елементи се прилагодени на обликот на покривот на мансардата.
За да е зголеми просторот и да се овозможи премин кон терасата, трпезаријата е сместена во кујната.
Пространата тераса е замислена како дневна соба на отворено.