Прва победа за Мареј на Мастерс купот

Од:

Британецот Енди Мареј ја постигна првата победа на Мастерс купот што се одржува во Лондон. Тој синоќа во мечот од второто коло од Б групата го победи Милош Раониќ од Канада со 2:0 во сетови. Двата сета Мареј ги доби со 6:3 и 7:5 во гемови.

Во првиот меч од оваа група Рожер Федерер беше подобар од Кеи Нишикори со 2:0 во сетови (6:3 и 6:2).

За пласман во полуфиналето на Мареј пред се потребна му е победа над Федерер во 3.коло.

Федерер води во групата со две победи, по една победа и еден пораз имаат Нишикори и Мареј, додека Раониќ има два пораза.

Денеска се играат мечевите од А групата: Марин Чилиќ – Томаш Бердих и Новак Ѓоковиќ – Стан Вавринка. 

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров