Русија ги зајакнува своите бази на Крим, но нема јасни проценки дали тоа вклучува и снабдување со нуклеарно оружје, изјави командантот на НАТО, американскиот генерал Филип Бридлав.
Тој истакна дека руски сили, „кои имаат капацитет да бидат нуклеарни“, се распоредуваат на полуостровот Крим, но Алијансата не знае дали таму се складира нуклеарно оружје.
Генералот Бридлав нагласи дека долж границата меѓу Украина и Русија биле забележани околу осум руски баталјони.