Што се случува во Охрид – Исклучена струјата и во ОУ „Григор Прличев“

Од:

По исклучувањето на електричната енергија во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, за само неколку минути исклучена е електричната енергија и во основното училиште „Григор Прличев“.

А1он дознава дека учениците попладнево биле порано пуштени да си одат дома, а родителските средби кои биле закажани се одложени. Директорката на ОУ „Григор Прличев“ не одговори на повиците на А1он за да се изјасни која е причината за прекинот на електричната енергија во училиштето

Додека градскиот татко е на службени патувања низ светот „промовирајќи“ го Охрид, јавните објекти остануваат во без електрична енергија. Сето тоа, неофицијално е заради долгот на институциите кои се под општинска капа. Исто така, неофицијално, училиштето има долг 850.000 денари кон ЕВН.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник