Утре ќе се знае дали Работнички останува во Третата лига

Од:

Арбитражната комисија (АК) при Македонската кошаркарска федерација (МКФ) одлуката за „случајот КК Работнички“ ја пролонгира до утре.

Откако во петокот комесарот за натпреварување при МКФ, Бобан Јосифовски донесе одлука Работнички да биде суспендиран од Првата лига, а следната сезона да настапува во најнизок ранг, односно Третата лига, денеска АК требаше да се произнесе, но конечната одлука се очекува да биде донесена утре.

Неофицијално, членовите на АК, увиделе дека во постапката на првостепениот орган не биле земени предвид сите случувања за време на прекинот на мечот во „Градски парк’’, поради што постои основа за коригирање на одлуката.

Во исчекување на официјалната одлука на АК, потсетуваме дека најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички беше казнет поради самоволно напуштање на теренот во дербито од 4.коло против градскиот ривал МЗТ Скопје.

Во „одбрана“ на Работнички застанаа и членовите на Здружението на прволигашите, кои на затворена седница за јавноста, преку соопштение информираа дека едногласно побарале Работнички да остане дел од Првата лига.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос