СДСМ: Наместо плоштад пред ВМРО-ДПМНЕ бараме бесплатен превоз за студентите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го брани Коце Трајановски кој сака граѓаните да платат 1,3 милиони евра за плоштад пред партиското седиште на Никола Груевски.

Бараме средствата да бидат пренаменети за водовод во Шуто Оризари и бесплатен превоз на студентите секој ден.

За СДСМ интересот на граѓаните на Скопје, да имаат пристап до чиста и здрава вода за пиење и да им се олесни на студентите, е поважен од милионски плоштад.

Очигледно, за ВМРО-ДПМНЕ поважен е дворот на нивното партиско седиште отколку интересите на граѓаните на Скопје, се вели во писмената реакција на СДСМ на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Дамјан Манчевски.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат