Македонските тенисери Томислав Јотовски и Димитар Грабул со победи ги почнаа настапите на фјучтс турнирите оваа недела.
Јотовски (555.место) како седми носител го победи Јапонецот Масајоши Оно со 6:4 и 6:2 во сетови, на фјучрсот во Хераклион (тврда подлога).
Во второто коло противник ќе му биде победникот од мечот Бар Цуф Буцер (Израел) и Роман Буви (Франција).
Димитар Грабул во првото коло на фјучрсот во Анталија (земјена подлога) го победи со 6:2 и 6:1 во сетови. Во следното коло ќе игра против победникот од дуелот Вадим Алексенко (Украина) и Јанез Семрајц (Словенија, 2.носител).
И двајцата македонски тенисери денеска ќе играат и мечеви во конкуренција на двојки.