Москва и Техеран постигнаа договор за изградба на нови нуклеарни реактори во Иран

Од:

Москва и Иран денеска постигнаа договор за изградба на осум нуклеарни енергетски блокови во Иран, јави ТАСС.

Заедно со руско-иранскиот меѓувладин договор е потпишан и протокол од шефот на Росатом Сергеј Кириенко и раководителот на Организацијата за атомска енергија на Иран Али Акбaр Салехи.

Договорот предвидува изградба на два енергетски блока во иранската АЕЦ „Бушахр“ со можност за уште два. Според постигнатиот договор Иран планира изградба на уште четири енергетски блокови на други локации, што дополнително треба да бидат утвредени.

Нуклеарното гориво за иранските атомски централи ќе се произведува во Русија. Според протоколот потпишан денеска во Москва, употребеното гориво ќе се враќа во Русија за преработка и складирање.

Проектот за изградба на нуклеарните енергетски блокови во Иран, вклучително испораката на нуклеарно гориво, е гарантирана од МААЕ. 

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски