Путин и Абoт побара забрзување на истрагата за урнатиот малезиски авион над Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и австралискиот премиер Тони Абот денеска одржаа куса средба  на маргините на самитот на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АТИС) во Пекинг, соопшти портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, цитиран од ТАСС.

Двајцата лидери побараа да се забрза истрагата за причините за несреќата на малезискиот авион над источна Украина во јули годинава, во која загинаа сите 298 патници и членови на екипажот на Боингот.

За двајцата лидери е  недозволиво тоа што експертите не добиваат пристап до местото на несреќата со аргументот дека се пука од страна на украинските воени единици.

Путин на средбата посебо подвлекол дека Русија од самиот почеток на истрагата инсистира на „непристрасно, брзо и ефикасно изнесување на фактите за несреќата“.

ТАСС потсетува дека, токму по овој повод, премиерот Абот на 6 номеври во интервју завесникот „Острелијан“, изјави дека при прва укажана можност планира да се сретне со Путин и со него да ги разгледа околностите за несреќата на малезискиот боинг крај Доњецк, во која загинаа и 27 Австралијци.

Тој, притоа кажа дека „Путин не може да ја избегне таквата тема и дека за него не е важно дали таа ќе се одржи во неофицијална или во поформална ситуација“.

Пред ова Абот повеќе пати имаше изјавено дека авионот беше урнат од проруските бунтовници, кои употребуваат оружје што им го доставила Русија, и ветуваше дека за време на претстојниот самит на Г-20 во Бризбејн ќе „го напаѓа“ рускиот претседател. ТАСС  дури и потсети дека австралискиот премиер го употреби и терминот „shirt-front“ од жаргонот на австралискиот фудбал, што значи фронтален напад врз играчот на противникот во момент кога тој ја презема топката.

Коментирајќи ја оваа изјава Песков само кажа дека „судејќи по се тоа не се случи“.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста