Укината пресудата на италијанските научници за земјотресот во Аквила

Од:

Седуммината италијански научници кои беа осудени на шест години затвор за „ненамерно убиство“ во врска со земјотресот во Аквила од пред повеќе од 5,5 години, се ослободени од обвинувањето, откако италијанскиот Апелационен суд ја поништи пресудата.

Научниците беа обвинети и осудени за „немарност“ поврзан со земјотресот во кој загинаа 309 жители на овој средновековен италијански град.

Сите седуммина беа истакнати и угледни научници и експерти за природни катастрофи. Тие беа членови на еден специјално уреден научен совет во Аквила што требаше да ги испита честите потреси и поместувања на тлото во целиот регион околу градот. Извесно време научниците престојуваа во Аквила истражувајќи ги потресите, а на крајот на истрагата заминаа без посебно предупредување до жителите.

Само неколку дена по нивното заминување, во март 2009 година, Аквила беше погодена од земјотрес од 6,3 степени по Рихтеровата скала.

Земјотресот предизвика тешки разурнувања во градот и бројни човечки жртви, па нивните блиски, како и локалното население, побараа истрага и одговорност за тоа зошто луѓето не беа на време предупредени на катастрофата.

Обвинувањето и судењето на научниците предизвика негодување и протести во италијанскиот научен свет и низ Европа, со образложение дека целиот судски процес е апсурден и дека всушност не им се суди на луѓето, туку на науката.

Осудувањето на научниците со затворски казни беше пречекано со неверување, а судот што ги осуди беше третиран како „средновековен“ и еднаков на оние од времето на инквизицијата, кога црквата и судело на научната  мисла.

Поништувањето на пресудата беше поздравено од претседателот на италијанското геофизичко и вулканолошко друштво Стефано Греста. За домашните медиуми тој изјави дека пресудата на Апелациониот суд  „го враќа кредибилитетот на италијанската наука“.

Делегација на жителите од Аквила која присуствуаше на пресудата по жалбената постапка, меѓутоа, со негодување и разочараност ја пречека одлуката на судијата. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале