Литванец обвинет за шпионажа во полза на Белорусија

Од:

Литванското Јавно обвинителство обвини еден поранешен службеник на државната компанија за контрола на воздушниот сообраќај. за шпионажа во полза на Белорусија.

– Тој е обвинет дека вршел шпионажа против Литванија, под директива на белоруските служби, изјави литванскиот заменик јавен обвинител Дариус Раулусаитис.

Тој додаде дека неможе да ја отфрли вмешаноста на Москва во овој случај.

Раулусаитис рече дека на осомничениот, чиј идентитеот не е соопштен, му се заканува казна до 15 години затвор.

Тој е обвинет дека додека работел во компанијата за контрола на цивилниот воздушен сообраќај го снабдувал Минск со информации за литванската армија и за клучната инфраструктура.

Раулусаитис додаде и дека Јавното обвинителство истражува уште еден осомничен, кој досега не бил обвинуван.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите