СДСМ: Зарем за МОН не е проблем што учениците мрзнат во ладни простории?

Од:

„Зарем за Министерството за образование воопшто не е проблем тоа што учениците мрзнат во ладни простории, немаат превоз, со километри одат пешки, учат во нехигиена и немаат основни услови за нормален образовен процес?

Ако ова не е проблем за власта значи ли дека родителите и децата треба да очекуваат дополнително влошување на алармантната финансиска ситуација во основните и средните училишта?

Каква е состојбата говорат фактите. Во Струга и Кичево нема пари за нафта и греење.

Во Карпош училиштата должат над 1 милион евра. Во Велес родителите не ги пуштаат децата во учениците. Постојано има протести на родители и прекини на наставата.

Наместо неосновано да се правдаат, Министерството за образование и власта на Никола Груевски, треба да покажат грижа за учениците и веднаш да превземат мерки.

Задачата на власта е да го организира и спроведува образовниот процес во сите сегменти и заедно со општините да обезбеди учениците да учат во нормални услови и во загреани училници.

Предложените мерки на СДСМ власта треба да ги примени веднаш, со што ќе се ублажат барем дел од последиците во образовниот процес“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на Министерство за образовние и наука за пресот на Дејан Павлески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни