Спасов: Не е точно дека ќе се казнуваат соседи за непријавување семејно насилство

Од:

Досега не се казнувале, ниту се планира да се казнуваат соседи за непријавување семејно насилство. Пријавата е обврска само доколку некој е директен сведок на семејно насилство, вели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Додава дека во концептот на граѓанска одговорност со Законот за семејно насилство не се менува ништо.

– И до сега беше регулирана граѓанската одговорност во делот на пријавување семејно насилство. Непријавувањето од страна на очевидец, сведок, повлекува одговорност согласно позитивните законски прописи. Значи, ако едно лице е сведок, се случува пред него чин на семејно насилство, одговорен е тоа да го пријави и тука нема ништо спорно, вели Спасов.

Појаснува дека и претходно, со Законот за семејство се утврдуваше обврската на граѓаните за пријавување сознанија на семејно насилство и предвидуваше прекршочна казна од 500 до 1.000 евра за граѓанин кој нема да ја исполни оваа граѓанска должност.

– Би сакал едноставно да појаснам дека никогаш не се казнувале соседи и ниту ќе се казнуваат како што неточно се презентираше и шпекулираше. Тоа е едно крајно поедноставување на законските одредби и е неточно, одговара Спасов на прашањето дали се точни информациите во однос на новиот Закон за превенција, спречување и заштита на семејно насилство, особено во делот на пријавување на семејното насилство, во кои се споменуваа најразлични суми казни и тези дека особено на удар ќе бидат соседите кои ќе бидат казнувани ако не пријават семејно насилство.

Сите законски одредби кои се однесуваат на семејното насилство, појаснува, се предвидени со меѓународни акти, како Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, каде е определено државите да ги преземат потребните законодавни или други мерки за охрабрување на секој сведок на извршување акти на насилство и тоа да го пријави до надлежните организации и органи.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Левица: Семејното насилство да се гони по службена должност – потребни се итни промени на Кривичниот законик

Горан Наумовски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец ја киднапирал и крвнички ја тепал поранешната партнерка, продолжил да ја удира и откако си ги исекла вените

Катерина Ѓуровски