Вестервеле: Постојат знаци дека ЕУ излегува од должничката криза

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле изјави дека постојат знаци кои покажуваат дека ЕУ излегува од должничката криза, но треба да се одржи сегашниот тренд на продлабочување на интеграциите, без меѓусебни гаранции за долговите на земјите во финансиска криза.

„Германија ја поддржува политиката на солидарност, растот и финансиската дисциплина, но одбиваме заедничко гарантирање на долгот и тука ништо се нема променето“, изјави Вестервеле за словенечкиот дневен весник „Дело“.

Заедничка гаранција за долгови не постои ниту помеѓу германските сојузни покраини, ниту меѓу сојузните држави на САД, а заедничка гаранција за сите европски долгови, на Европа не би и помогнале туку би ја загрозиле, смета германскиот министер за надворешни работи.

„Да ги преоптовариш едните, значи премалку да ги поттикнуваш другите. Секој мора да одговара за своите постапки“, рече Вестервеле.

Фондовите за стабилизација на еврото се знак за зајакнување на европската солидарност, а одлуката на германскиот уставен суд, која овозможува ратификација на постојан фонд за помош на земјите во криза, резултатите од изборите во Холандија исто така сведочат за победа на проевропската клима над популизмот, рече шефот на германската дипломатија.

Ако во ЕУ се одржи сегашниот тренд, септември би можел да биде месец на промени во европската должничка криза.

„Уверен сум дека на хоризонтот веќе гледаме светлина и дека со малку среќа се можни промените“, оцени Вестервеле.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“