Малезија ќе помогне во истрагата за МХ17

Од:

Малезискиот министерот за транспорт на Лијоу Тијонг Лаи изјави дека Малезија ја разгледува можноста да се приклучи во истрага за авионот МХ 17, кој беше соборен во источна Украина.

Тој истакна дека Малезија и до сега учествувала во техничкиот дел од истрагата, но дека сепак нивните официјални лица немале целосно влијание врз истрагата, ниту во потполност биле вклучени во истражните тимови на холандските, белгиските, австралиски и украински експерти.

Во меѓувреме и премиерот на Холандија, Марк Рут во Куала Лумпур рече дека е логично Малезија да биде во тимот, бидејќи станува збор за авион од таа држава, а меѓу жртвите има и нејзини државјани.

Инаку во несреќата која што се случи на 17-ти јули, во источна Украина, загинаа сите 298 патници.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он