Три сообраќајки во Тетово, деветмина повредени

Од:

Три сообраќајни несреќи во кои се повредени девет лица и е причинета материјална штета од околу 100 илјади денари, се случиле на три различни места во текот на вчерашниот ден во тетовско, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, првата несреќа се случила околу 15 часот на автопатот Тетово – Скопје во близина на Бензинската пумпа Петрол Компани при што возачот Х.Ф.(29) од Озормиште загубил контрола на автомобилот „Ауди“ што го управувал по што возилото излетало од патот. Со повреди се здобиле возачот и тројцата сопатници кои веднаш биле префрлени во Тетовската клиничка болница каде биле задржани за лекување а материјалната штета се проценува на околу 30 илјади денари. Според првичните полициски информации по извршениот увид на местото од несреќата причина за тоа е неприлагодена брзина односно пребрзо возење.

Втората сообраќајка се случила околу 17:30 минути на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово при што 11-годишно девојче од селото Мерово било повредено откако врз него налетало автомобил „Опел“ со тетовски регистерски таблички што го управувал Ј.А.(21) од Мала Речица. Возачот веднаш го префрлил повреденото девојче во Тетовската болница каде по укажаната лекарска помош тоа било задржано за лекување. Материјалната штета во овој случај се проценува на 20 илјади денари. Полицијата работи на утврдување на причините за сообраќајката.

Последниот ваков настан се случил околу 18 часот на автопатот Тетово- Гостивар при што на околу стотина метри од наплатната рампа кај Тетово се судриле камион „Ивеко“ со тетовски регистерски таблички управуван од Д.К.(47) од Долно Седларце и автомобил „Форд“ со скопски регистарски таблички управуван од Б.М.(46) од Скопје. Во несреќата возачот на „Фордот“ и неговите тројца сопатници се здобиле со повреди и по укажаната помош во Тетовската болница биле пуштени дома освен сопатничката Н.Р.(41) која била задржана за натамошно набљудување и лекување. Според првичните информации од увидот, причина за сообраќајката е недржење своја страна на коловозната лента, додека материјалната штета изнесува околу 50 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси насилник кој си ја истепал сопругата

Тетовец остана и без пари и без возило

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Две години затвор за Менсур Пајазити кој ја прегази 22-годишната Теодора

Катерина Ѓуровски

Шаќири: Струјата од трафостаница до модуларната болница во Тетово е направенa од две неквалификувани лица од тетовската болница

Горан Наумовски

„Ќе и кажам на твојата сопруга дека детево е твое“ – тетовка го уценувала вонбрачниот партнер