На Британските воени гробишта во Скопје денеска ќе се одржи служба за сеќавање на загинатите борци во Првата светска војна во организација на Британската амбасада во Македонија.
– Оваа служба е со цел да се потсетиме на сите оние од различни националности, воени лица или цивили, кои го изгубиле својот живот во војна или конфликт или за каузата за мир, стои во соопштението од Британската амбасада во Скопје.
На службата ќе присуствува британскиот амбасадор Чарлс Гарет, британскиот воен аташе потполковник Ричард Пари, како и претставници на дипломатската заедница во Македонија.
Венци и свежо цвеќе ќе положат и претставници на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.