Кацин бара промена на Уставот на Србија

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин денеска изјави дека е потребно да се менува Уставот на Србија и дека тоа и станува се поочигледно и на јавноста, по одлуката на Уставниот суд за укинување на 23 надлежности на Војводина.

„На Србија и е потребен модерен уставен акт, кој ќе овозможи децентрализација, ќе ја дефинира Србија како граѓанска земја и ќе им овозможи на локалните заедници да преземат одговорност за побрз развој“, изјави Кацин во интервјуто за новосадски „Дневник“.

Тој истакна дека на Србија од 2014-та до 2020-та година ќе и бидат на располагање скоро 1.5 милијарди евра од пристапните фондови на ЕУ и очекува дека Војводина ќе си го искористи својот дел од тие пари, додека за останатите региони на Србија ќе биде многу тешко.

Кацин истакна дека војводинското прашање е отворено „уште од кога беше укината автономијата во 1989 година“, оценувајќи дека така и ќе остане се „додека не се обезбеди адекватна политичка, административна и економска автономија на Војводина“.

Во однос на прашањето за Косово, Јелко Кацин повтори дека ЕУ од Србија бара брза примена на досегашните договори и продолжување на дијалогот во врска со прашањата околу телекомуникациите, енергетиката и северот на Косово.

 

 

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија