Албанскиот боксер Денај Кристијан, кој победи во категоријата до 91 килограм е освојувач на Златниот гонг оваа година.
Во финалните борби што се одржаа денеска во малата сала во СЦ „Борис Трајковски“ од македонските боксер единствено Амет Еминовиќ (член на БК Баргала Штип) успеа да триумфира. Во категоријата до 60 килограми Еминовиќ го победи Романецот Лазар Михаи.
Наградата за најдобар странски боксер ја доби Радослав Пантелеев од Бугарија, а најдобар техничар е Буаци Јочуа од Англија. Македонија во финалето покрај Еминовиќ имаше уште шест претставници: Димитар Ташков, Бојан Ристески, Идриз Билсими, Сашо Лескароски, Илчо Јоноски и Исак Сулеман.