(ВИДЕО) Спасовски: Ако не правиш дубари на избори, бујрум со техничка влада

Од:

Ова не е борба на поединец, ниту на некој што сака да дојде на власт, ова мора да биде борба на секој граѓанин на Република Македонија, ако сакаме да ги промениме состојбите. И грешно е прашањето, зарем нешто зависи од мене и што можам јас сам да направам. Апсолутно ние мораме да одиме со ставот дека се зависи од мене и дека се можам да направам, ако застанам рамо до рамо со сите други обесправени во Република Македонија, рече Оливер Спасовски на трибината во Штип.

– Дали воопшто има некакви поместувања околу преговорите и прифаќање на барањата од страна на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и до колку би се случило такво прифаќање, колку е опозицијата е спремна да одговори на еден ваков предизвик и организирање и излегување на нови предвремени парламентарни избори?

Се шпекулира многу во јавноста за тоа дали имало тајни средби, јавни средби, во однос на тоа што се позициите на СДСМ, дали СДСМ ќе се врати во Собранието, дали нема да додржи на сопствениот став, ќе имаме ли конзистентна политика и тоа се нормални прашања коишто ги интересираат граѓаните или пошироката јавност, што ќе се случува воопшто на делот во политичкиот живот, со опозицијата и дали ќе може да `не препознае како луѓе кои знаеме цврсто да се бориме за ставовите или можеме да потклекнеме, да попуштиме во одредени моменти.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат