Куманово поуспешен од Фени Индустри

Од:

Првиот натпревар од 5.коло од Првата кошаркарска лига, кој воедно беше и дерби се одигра синоќа и заврши со победа домаќинот Куманово. Решавачката предност кумановци ја направија во втората четвртина која ја добија со 26:13 и на крајот славеа победа со 97:90. Ова за Куманово беше четврта победа во првенството.

Најефикасен на натпреварот беше македонскиот репрезентативец во дресот на Куманово, Александар Костоски со 28 поени, а Вукашин Мандиќ постигна 23. Во редовите на Фени Индустри најпрецизен беше Мајкл Амос со 26.

Денеска од 19 часот во Гевгелија ќе играат Кожув и Водњански лисици. Поради изречената суспензија и исклучувањето од лигата на КК Работнички до донесување на одлука на Арбитражната комисија одложен е натпревар Струмица – Работнички.

На 12.ноември (среда) ќе играат МЗТ Скопје Аеродром – Гоце Делечев, а во оваа рунда слободна е екипата на Карпош Соколи.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос