Лидерот на Демократската партија на Косово (ДПК) Хашим Тачи денеска нагласи дека нема да има делумни и импровизирани решенија за формирање на власта, реагирајќи на одлуката на опозициската коалиција ВЛАН да прифати на неговата партија да му припадне местото претседател на Собранието на Косово.
– Не сакаме да бираме претседател на Собранието на Косово ако нема политички договор со ДПК и за владата на Косово. Делумни и импровизирани решенија нема да има бидејќи Косово и неговите граѓани сакаат легитимна, ефикасна и стабилна влада. Уште еднаш тврдам дека сите активности на ДПК во иднина, како победничка партија ќе бидат во согласност со законот, Уставот и волјата на граѓаните на Косово , напишаТачи на Фејсбук.
Тој посочи дека решавањето на политичката криза, во која западнаа косовските инститции по изборите одржани во јуни, бараат политичка мудрост и оти „нема повеќе време за аматерски политички експерименти, туку сега е моментот да ја материјализираме волјата на граѓаните изразена на избори“.
– Сега постојат две опции кои треба да ги земеме предвид сериозно и брзо. Првата и најдобра е да седнеме и да најдеме најдобро решение за земјата и граѓаните кои се уморни од чекање. Другата опција е да седнеме и повторно да одлучиме кој ќебиде датумот на вонредните избори, наведе Тачи.
Коалицискиот блок ВЛАН денеска одлучи да го отстапи местото претседател на Собранието на ДПК на Тачи.