Работнички исклучен од елитата и преселен во Третата лига!

Од:

Најтрофејниот кошаркарски колектив кај нас, екипата на Работнички, е исклучен од елитата и следната сезона ќе треба да почне од Третата лига, реши денеска комесарот за натпреварување, Боби Јосифовски.

Ваквата ригорозна казна доаѓа поради напуштањето на теренот на кошаркарите од „Градски парк“ на завчерашното вечно-дерби против МЗТ Скопје, кое поради тоа беше прекинато во 26. минута про водство на домаќинот со 51-35. Натпреварот е регистриран со службена победа на „металците“, а „центарци“ не го добиваат бодот наменет за поразениот.

Воедно, 14-кратниот шампион е казнет со 30.000 денари поради фрлање чадна направа, тврди предмети и плукање од страна на своите навивачи, додека управата на МЗТ Скопје ќе треба да уплати 24.000 денари исто така поради своите следбеници, кои фрлале тврди и меки предмети и експлозивни направи на теренот.

Од управата на Работнички веднаш најавија жалба до Арбитражната комисија, но сѐ до нејзината одлука не смеат да играат во Првата лига, поради што нема да се одигра утрешниот нивни натпревар со Струмица. Клубовите членки на Здружението на прволигаши на денешниот состанок едногласно се произнеле дека не се за исфрлање на Работнички во Третата лига и побараа нивниот став да се достави до Арбитражната комисија на МКФ.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос