(ВИДЕО) СДСМ: Владата да го покаже договорот со Кембриџ

Од:

До Комисијата за образование и наука на СДСМ пристигнаа голем број поплаки од родители кои не успеваат да им помогнат на своите деца, кои учат по учебници од Кембриџ, да напишат домашно, рече Сашо Тодоровски, член на Комисија за образование и наука на СДСМ.

Поплаки има и од наставници кои предаваат по учебниците, бидејки тешко можат на децата од 3 одделение да им објаснат материја што не ја учеле претходните 2 години. Наставниците имаа обука за предавање по новите учебници од само 2 дена, додаде тој.

Во продолжение целиот прес:

Додека родителите, децата и наставниците не можат глава да кренат од почетокот на учебната година, од стресот што им го подготви власта, стигна најава од заменик министерот Ристовски, дека истото ова следната година ги чека децата од 4 до 9 одделение.

Ова Министерство, за образование, даде 12 милиони евра, наши, пари на граѓаните за учебници според наставните програми на Кембриџ.

Бројните проблеми што се појавија, отвораат сериозно сомневање дали има изработено наставни програми по учебниците од Кембриџ, прилагодени за учениците во Македонија, или само се следат содржините во донесените учебници.

Овде сме, во интерес на јавноста, да дознаеме од министерот Адеми и заменик министерот Ристовски кој и што преземал во врска со т.н Кембриџ проект.

Бараме:

1. Јавно да биде објавен Договорот за соработка со Кембриџ,
2. Јавно да биде објавено што Министерството за образование купило за 12 милиони евра и
3. Јавно да биде објавен Извештајот од Комисијата при Министерството за образование што ја одобрила Програмата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски