Сместена во Компорте, јужно од Лисабон, на место кое потсетува на рај, оваа рибарска викедичка во целост е изградена од природни материјали.
Производител на мебелот во малата рибарска викендица е дизајнерот Пекуенина Родригез.
Со тоа оваа колиба не претставува само убава комбинација за одмор и релаксација, туку содржи и мебел кој ја менува суштината и на посебен начин создава совршенство. Викендицата е изградена на песок од рециклирани дрвени материјали.
Во главниот дел од куќата се наоѓа дневната соба со култивиран дизајн и друг природен декор. Таа се наоѓа во близина на отворениот приватен базен кој дополнително нуди посебна релаксација по напорниот ден.
Во другиот дел се главната спалана соба со бања и уште три гостински соби. Собите се во различни стилови при што секоја од нив е приказна за себе, а сето тоа е постигнато благодарение на разлочните текстури и шари.
Ваше е само да земете со себе вино и гитара, бидејќи во оваа викендица ништо друго и не ви е потребно за уживање, релаксација и рај за душата.