Исламистите од Боко Харам вчера ги сменија имињата на два града во североисточна Нигерија во рамките на кампањата да воспостават калифат во регионот.
Исламистите едниот град го зазедоа минатата недела, а другиот во јули.
Лидерот на Боко Харам, Абубакар Шекау преку видео-снимка најави дека градовите сега се дел од калифатот. И припадниците на Исламска држава во делови од Сирија и во Ирак ги менуваа имињата на заземените градови.
Боко харам во верски мешаната Нигерија се бори за воведување на исламот и е одговрна е за смртта на илјадници луѓе во изминатиот период.