ЕУЛЕКС ќе помогне во истрагата против корупција

Од:

Шефот на ЕУЛЕКС на Косово Габриел Меучи изјави дека мисијата е посветена на соработката и ќе помогне на независните експрети кои ќе ги истражат наводите за корупција.

– Отворена и транспарентна надворешна ревизија е клучен чекор кон враќање на взаемната доверба меѓу ЕУЛЕКС и нашите партнери. Оваа ревизија е во сечиј најдобар интерес, изјави Меучи, по консултациите со Брисел.

Во соопштението на ЕУЛЕКС се наведува дека Меучи ја потврдил својата лична посветеност кон спроведување на политиката на нулта толеранција кон корупцијата.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини претходно најави дека ќе ангажира независни експерти за истрага по наводите за корупција во европската мисија на Косово.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица