Силна експлозија одекна во една католичка црква во северна Нигерија. Се стравува дека има загинати и повредени.
Експлозијата се случила за време на утринската миса во градот Баучи, пренесува агенцијата АП.
Најчести мети на исламистичките секти се токму црквите. Сектата Боко Харам е одговорна за убиството на повеќе од 680 луѓе од почетокот на годината.
Полицијата трага по членовите на оваа секта во Даматуру и Потискум, градови каде што веќе е воведен и полициски час поради серијата крвави напади.