Американскиот амбасадор во Приштина Трејси Ен Џејкобсон го наруши денеска дипломатскиот протокол, за да го изрази незадоволството на САД од косовските политички лидери, кои не можат да решат кој да управува со земјата.
Taa во дебатата во седиштето на невладината организација „Фољ“ во Приштина, рече на албански јазик „Немојте да упропастите“.
– Пораката која ја упатив до сите лидери, можам да ви ја повторам: Не смеевте да ја доведете земјата до оваа состојба, рече Џејкобсон.
Американската амбасадорка ги повика лидерите на Косово да го почитуваат повикот на претседателката Атифете Јахјага за заеднички состанок заради изнаоѓање прифатливо решение.
Таа додаде дека не би било добро ниту на Косово да се одржат нови избори.
– Не ги гледам изборите како вистинско решение, бидејќи не мислам оти ќе се промени состојбата, рече таа.
Таа апелираше на тоа што побрзо да се формираат институциите, за да се напредува во исполнувањето на обврските кои Косово ги презема од меѓународната заедница.
Џејкобсон рече дека одложувањето на формирањето нови институции го отвота патот за корупција.